„Ѕирка“ новиот Opel Crossland X, промоција во среда

ОБЈАВЕНО НА:

Најавата дека 2017 година ќе биде плодна за Opel тргнува уште од почеток, и тоа со најавата за моделот Crossland X.
Промоцијата е в среда, но Opel на социјалните мрежи веќе ја зоврива атмосферата со објавување на фотографија на која „ѕирка“ предниот дел на возилото.

Се верува дека овој кросовер ќе биде голем и попрактичен во однос на Mokka X. Со Mokka X се напаѓаат Nissan Juke и Peugeot 2008 во Европа, а сега компанијата има уште еден адут во понудата.

Ова е возило за оние што сакаат да живеат рурален живот во град, кои одгледуваат домати и билки на градините на покривот, и им е потребен простор за децата и пазарувањето во големите шопинг центри, го опиша новиот модел Тина Милер, главниот извршен директор на компанијата уште лани во ноември.

Дебито на Crossland X ќе биде во Женева, од Opel подготвуваат и поголем модел – Grandland X. Тој треба да ја замени Zafira, и ќе се претстави во втората половина од годината на саемот во Франкфурт, и ќе биде сестрински модел на Peugeot 3008.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK