Зимата заврши, време е да ги проверите бришачите

ОБЈАВЕНО НА:

Бришачите се дел од возилото кои главно не бараат посебно внимание, но секако се еден важен дел, па доколку сакате да потраат треба да имате предвид неколку работи особено во текот на зимата. Сега во пролет кога има и повеќе дождови потребно е истите бришачи добро да ја отстрануваат водат од стаклата, а доколку бришачите се оштетени тогаш најдобро е истите да се заменат.

Доколку се појават некои црти на шофершајбната и траги кои ви ги оставаат бришачите тогаш треба да си го поставите следното прашање: Дали ги користевте при обид да исчистите снег или мраз? Ако одговорот е да, тогаш не треба да ве чуди зошто бришачите така брзо се надвор од употреба.

Бришачите на шофершајбната или на задното стакло не се створени да траат засекогаш, но дали ќе ги замените после само неколку недели или после неколку години во голема мера зависи од тоа како се однесувате кон нив во зимските месеци. Покрај сонцето и високите летни температури и оние ниските исто така влијаат на структурата на гумата од која се направени бришачите. Ако на тоа се додаде и факторот стругање на мразот од шофершајбната тогаш можете да бидете сигурни дека бришачите за многу брзо време ќе оставаат траги и веќе се зрели за замена.

Зимата е период во кој најмногу се оштетуваат бришачите. Гумените метлички како уште ги нарекуваат бришачите најчесто „патат“ наутро, далеку повеќе отколку при возењето во текот на денот. Имено, тогаш најчесто се брза бидејќи се доцни на работа или да се однесат децата во училиште и во градинка. Секоја минута е важна, па веројатно и се немаат оние неколку минути потребни за отстранување на снегот или мразот со стругалка. Ова е секако најлошото оправдување.

Затоа, пред да седнете зад воланот во своето возило кое е оковано во мраз и да ги вклучите бришачите добро размислете и тоа на долгорочен план. Ваква „злоупотреба“ на бришачите во најмала рака ќе резултира со нивно забрзано трошење или оштетување после што за нови ќе морате да ја турнете раката во џебот и да платите.

Доколку не го направите тоа и продолжите да ги користите дотрајаните бришачи тогаш ја загрозувате и својата безбедност и безбедноста на другите без разлика дали возите по дожд или во други услови при кои шофершајбната е неадекватно чиста.

Со други зборови, пред возење во зима, погрижете се снегот или мразот да биде правилно исчистен со стругалка, а бришачите користете ги при дожд. Дури и ако сте совесни кон овие гумени помагала, нашиот совет е после секоја зима, да ги замените со нови. Затоа сега е вистинското време за да ја проверите состојбата на брисачите и доколку е потребно да ги замените.

А бидејќи сега е веќе пролет време е за замена на дотраените бришачи. И се разбира внимавајте како истите го користите..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK