сабота, 25 декември, 2025 година

Зимата пристигна – проверете ги сами овие работи на возило?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кога доаѓа зима тогаш е најдобро да се посети мајстор и на редовен сервис преглед да се провери состојбата на вашето возило. Сепак, дел од работите можете да ги направите и сами без да морате да посетите сервис.

*Направете контрола на течноста во системот за ладење на моторот особено ако во текот на летната сезона имате досипувано вода. Потребно е да направите контрола и на густината на течноста за ладење и нејзината отпорност на ниски температури.

- Advertisement -

*Направете контрола на течноста за перење на шофершајбната или на задното стакло, па да биде заменета со зимска верзија. Доколку уште во системот имате летна течност тогаш таа може да доведе до замрзнување со што се смалува видливоста и може да доведе до оштетување на компонентите за перење на шофершајбната.

*За да се избегне замрзнување на составот на горивото, посебно кај постарите автомобили, пожелно е да се направи контрола дали во багажникот имало кондензација во текот на летните месеци.

*Заменете ги филтрите за гориво поради можно собирање на вода, независно од видот на горивото кој се користи бидејќи проблемите со замрзнувањето на доводот за гориво еднакво го погодуваат возилото и со бензински и со дизел мотори.

*Проверете ја исправноста на грејачот за старт на дизел моторот.

*Направете контрола на свеќичките бидејќи нередовното сервисирање на бензинците доведува до истрошеност на свеќичките за исфрлање на искра.

*Специфичноста на бензинските мотори е проблемот со влага која (зависно од возилото), доведува до дефект на каблите со висок напон. Каблите заштитете ги со средство за спречување на влага.

*Акумулаторите на возилата се една од најчестите причини за откажување на стартот на моторот. Затоа испитајте ја исправноста на акумулаторот.

*Под претпоставка дека веќе ги имате сите четири зимски гуми, подгответе ги и стругалките за снег и мраз.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја