Жените се виновни: Поради нив се популарни SUV возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Интересно истражување објави маркетинг директорот на Aston Martin, Сајмон Спрул во кое наведува дека главните виновници за големата популарноста на SUV возилата се жените.

Тој по повод претставувањето на првиот SUV на британскиот производител ги обелодени податоците од спроведеното истражување.

“SUV моделите ги привлекува двата пола, меѓутоа посилна е врската помеѓу жените и SUV возилата” изјави тој. Тој додаде и интересен факт, а тоа е дека жените одлучуваат во повеќе од 80% од продажбата односно купувањето на личен и семеен автомобил. Токму поради тоа и нивните преференции имаат значајно влијание на пазарот на нови автомобили.

Во заклучоците на истражувањето се наведува и дека жените се чувствуваат многу побезбедно и позаштитено кога имаат поголема прегледност, па оттука и нивната симпатичност кон SUV возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK