Жените го одбраа автомобилот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Mazda 3 е автомобилот за кој жените дадоа најмногу гласови со што се стекна со наградата “Женски автомобил на годината” за 2019 година.

Оваа награда која традиционално се доделува уште од 2009 година, се доделува на оној автомобил со најмногу гласови од страна на меѓународното жири составено од жени новинари.

Покрај овој автомобил, признание доби и Kia Ceed во категоријата “Urban Car of the Year”, Kia Soul EV во категоријата “Green Car of the Year”, BMW Serie 8 во категоријата “Luxury car of the Year”, Porsche 911 во категоријата “Performance Car of the Year”, и Range Rover Evoque во категоријата “SUV/Crossover of the Year”.

Тројката на Mazda претходно доби неколку национални награди за автомобил на годината како и за еко автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK