Познати се моделите кои се натпреваруваат за титулата женски светски автомобил на годината (WWCOTY - Women’s Worldwide Car of the Year)...
Жирито на наградата составено од 81 автомобилска новинарка објави листа на номинирани кандидати од кои ќе го изберат најдобриот автомобил за 2025 година. Во изборот моментално има 80 автомобили, а победниците ќе бидат избрани по категории и објавени на 8 јануари. Конечно, на 6 март следната 2025 година, или само два дена пред „Денот на жената“, целосно женското жири ќе го објави својот победник пренесуваат информативните агенции.
„Оваа година нашето гласање се одвива во контекст каде кинеските брендови станаа присутни на сите континенти. Конкуренцијата е жестока и тоа ја прави нашата задача уште повозбудлива“, вели Марта Гарсија, извршен претседател на WWCOTY.
Целта на оваа единствена награда е да се оддадат признанија за најдобрите автомобили на годината и да се даде глас на жените во светот на автомобилите, се вели во официјалното соопштение на организацијата.
Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи кои го водат секој возач кога купува автомобил. Велат дека тоа нема да биде „женски автомобил “, бидејќи таков концепт не постои, туку автомобил за секого. Аспектите како што се безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, леснотијата на возење и влијанието врз животната средина, меѓу другото, се фактори кои жирито ги зема предвид при гласањето.
Минатата година вкупниот победник го освои Kia EV9.
Кандидати за наградата за женски светски автомобил на годината за 2025 година:
Aion Hyper HT
Alfa Romeo Junior
Alpine A290
Aston Martin Vanquish
Audi A5
Audi A6 e-tron
BAIC EU5
Bentley Continental GT
Bentley Flying Spur
BMW 1 Series
BMW X2
BMW X3
Bugatti Mistral
BYD Sea Lion 7
BYD Seal U
BYD Shark
Chery iCar 03
Chevrolet Equinox
Chevrolet Silverado EV
Chevrolet Traverse
Citroën C3
Citroën C3 Aircross
Cupra Tavascan
Cupra Terramar
Dacia Duster
DFSK 600/E5
DFSK Fengon 5
Dongfeng Mage
Dongfeng Nammi 01/Box
Dongfeng Voyah Passion
Ferrari 12 Cilindri
Ford Capri
Ford Explorer
Geely Starray
GMC Acadia
Honda Prologue
Hongqi EH7
Hongqi EHS7
Hyundai Inster
Hyundai Santa Fe
Infiniti QX80
JAC Hunter T9
Kaiyi X7
Kia EV3
Kia K3
Kia K4
Lamborghini Temerario
Leapmotor C10
Lotus Emeya
Mazda CX-70
Mazda CX-80
MG Cyberster
MG HS/EHS
Mini Aceman
Mini Cooper
Mini Countryman
Opel Grandland
Peugeot E-5008/5008
Polestar 3
Polestar 4
Porsche Macan
Porsche Panamera
Radar Riddara RD6
Renault 5
Renault Rafale
Renault Scénic
Renault Symbioz
Seres 5
Skywell BE11
Smart #3
Subaru Forester
Suzuki Swift
Škoda Kodiaq
Škoda Superb
Toyota Camry
Toyota Crown Signia
Toyota Land Cruiser
Volkswagen Passat
Volkswagen Tiguan
Volvo EX90