Властите во Швајцарија решија да го откажат одржувањето на саемот на автомобили во Женева сакајќи да спречат евентуално ширење на корона вирусот. И многу други настани од различни сфери се откажани или се одржуваат без публика. А ако сте љубител на автомобили и сакате да видите 44 нови премиери тогаш сигурно саемот во Белград е место за тоа. И покај специфичните услови, организаторите потврдија дека засега нема никакви промени и тој ќе се одржи во предвидениот рок од 19 до 25 март.
На две недели пред почетокот потврдено е дека ќе има преку 300 излагачи кои ќе претставуваат 31 автомобилски бренд и 11 производители на лесно доставни возила. Најавени се 44 премиери и 10 модели со статусот новитет. Мотото под кое ќе се одржи саемот е „Убави однадвор,силни одвнатре“
Ако се остварат најавите на дистрибутерите и увознците во Белград како домашни новитети за првпат на пазарот во Србија ќе се појават: Аbarth 70 Anniversarrio, Audi Q3 Sportback, BMW Series 2 Gran Coupe, FIAT 500 Hybrid и Panda Hybrid, FIAT Fiorino Combi Cross, Ford Puma, Ford Kuga, Ford Focus ST, редизајнираниот Ford Connect Tourneo, Hyundai i10, Hyundai Sonata, Hyundai Venue, редизајнираниот Jaguar F-Type и Kia XCeed.
Како вистински новитети треба да се појават Land Rover Defender, Mazda CX-30 и Mazda 2, Mercedes-Benz GLB, електричен MINI Cooper SE, Mitsubishi L200, Nissan Juke, Opel Corsa и редизјанираната Astra, електричниот Porsche Taycan Turbo S, Peugeot 208, e-208 и 2008, Renault Captur, Seat Leon, Subaru Forester e-Boxer, Suzuki S-Cross Hybrid и Vitara Hybrid, Skoda Octavia и хибридниот Superb PHEV, Toyota Proace City и редизајнираниот CH-R, електричниот VW ID.3, VW Golf 8, и редизајнираните Passat, Multivan 6.1 и Transporter T6.1.
Покрај саемот на автомобили ќе има и саем на мотоцикли под мотото „Сите страсти на едно место“.
Цената на влезните е 400 динари, 300 динари е групен билет, а 200 за студенти и ученици. Цената на паркингот е 150 динари за започнат час.