недела, 25 декември, 2025 година

Зголемен увозот на возила во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Увозот на патнички автомобили и други возила трет месец продолжува да расте. По падот предизвикан од кризата поврзана со коронавирусот во јуни се увезени вкупно 2.533 возила.

Од нив, 425 се нови патнички автомобили што го прави јуни трет најдобар по февруари и март. Големо зголемување има и за увозот на половни патнички автомобили. Така во јуни се увезени 1.821 половен автомобил што е речиси двојно повеќе од претходниот месец односно за точно три пати повеќе од април.

- Advertisement -

Сепак треба да се напомене дека овој јуни има најмалку увезени возила по јуни 2013 година кога беа увезени 2.498 возила од кои само 261 возило беше ново.

Вкупно во првата половина годинава се увезени 11.592 возила што споредбено на полугодишно ниво е еден од најслабите резултатите во последните 10 години.

За жал нема точни податоци кои брендови и модели на возила се најпродавани, по месеци и вкупно бидејќи Групацијата на увозници на нови возила во Македонија одамна не издава комплетни резултати поради несоработка на одредени членови.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја