Популарноста на интернетот е обратно пропорционална со популарноста на другите медиуми, особено оние печатените.
Бројни дневни весници, политички магазини, но и автомобилски секојдневно згаснуваат, а компанијата TEN Publishing одлучи да згасне 19 од вкупно 22 печатени автомобилски магазини кои ги поседува.
Станува збор за следните: 4-Wheel & Off-Road, Automobile, Car Craft, Chevy High Performance, Classic Trucks, Diesel Power, Hot Rod Deluxe, Jp, Lowrider, Mopar Muscle, Muscle Car Review, Muscle Mustangs & Fast Fords, Mustang Monthly, Street Rodder, Super Chevy, Super Street, Truck Trend, Truckin’ и Vette.
Низ продавниците и натаму ќе може да се најдат печатените изданија на Motor Trend, Hot Rod и Four Wheeler.
За читателите на горенаведените магазини, компанијата потврдува дека истите и натаму ќе продолжат да објавуваат секојдневни и интересни содржини, но само во интернет просторот.