Сакајќи да придонесат на било каков начин кон намалувањето на загадувањето на воздухот, и истовремено да се обидат да го ослободат сообраќајот од големиот број возила властите на Букурешт, Романија ќе доделат 25.000 ваучери за купување на велосипеди.
Вредноста на ваучерите е 500 леи (околу 105 евра) што секој ќе може да го искористи за купување на велосипед. Програмата на локалните власти на Букурешт за купување на велосипеди или електрични тротинети почна со доделувањето на 5000 ваучерот и предизвика голем интерес, па затоа ќе биде проширена.
Градоначалничката на Букурешт, Габриела Фира прецизира дека зголемувањето со уште 25 000 ваучери одговара на вкупниот број апликации доставени од од граѓани за учество во програмата “Велосипедисти во Букурешт”, која има за цел да се намали загадувањето на воздухот во романската престолнина.