Шпанското преставништво на Opel ќе биде запишано во историјата на оваа компанија како првото коешто направило доставување на моделот Grandland X преку трговската платформа Amazon.
Како резултат на соработката меѓу Opel и Amazon.es, локалните корисници се со можност да порачаат нов Grandland X, а времето коешто е потребно за доставување е 72 часа откако зделката ќе биде финализирана.
Легендарниот клиент кој ја направи првата зделка е извесен Хавиер Мора, 50-годишен ќител на Мадрид, кој вели дека целиот процес бил многу лесен.
Во проектот кој е направен од страна на Opel и Amazon.es има 20 возила Grandland X од серијата со 1,6 дизел мотор со 120 коњски сили, систем за штедење на горивото Start&Stop, а цената е 29.500 евра.