Збогум за три модели на Opel

ОБЈАВЕНО НА:

Уште во текот на 2018 година стана јасно дека откако PSA го купи Opel ќе почне етапно да се „откажува“ од моделите направени на платформите на GM. Првите кои не успеаја „да преживеат“ се моделите: Adam, Karl и Mokka X.

Производството на Adam и Karl беше завршено во март годината, а сега од производствената линија беше симнат и еден од бестселерите на брендот, Mokka X.

И додека Adam бесповратно ќе потоне во историјата, Кarl ќе го продолжи „животот“ и ќе се изработува по лиценца на брендот од Виетнам, VinFast.

Mokka X ќе добие наследник, но тој ќе се прави на истата база на која ќе се склопува идното Peugeot 2008, што автоматски значи дека новата генерација ќе остане без  4х4 преносот.

Во Европа ќе има можност трите модели да бидат купувани до крајот на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK