Заврши експериментот – нема повеќе возење 140 км/ч. на автопат

ОБЈАВЕНО НА:

Во многу земји максималната дозволена брзина на автопатиштата е 120 км/ч. или 130 км/ч. Секако има делници во Германија каде нема ограничување, па кој колку брзо може – толку вози. Сега во Австрија заврши еден пилот проектот со кој на одредени автопатски делници беше зголемено ограничување на максималната брзина на 140 км/ч.

Ова зголемување беше воведено во 2018 година па по речиси две години се враќа старото правило од максимално дозволени 130 км/ч.

Овој проект беше воведен од поранешниот министер за сообраќај, Норберт Хофер кој сакаше да го тестира влијанието на зголемувањето на брзината врз безбедноста и околината. При тоа оваа мерка важеше за автопатстката делница од Сатлед до Контен Хајд и од Линц до Ст. Полтен.

Сепак, и покрај статистички докажаното намалување на сообраќајните незгоди, актуелната министерка се одлучи да не го имплементира ова ограничување.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK