PSA Group го објави финализирање на купувањето на подружниците на GM – Opel и Vauxhall,процес што беше запонат на 6 март 2017 година . Заедно со Opel и Vauxhall, PSA Group станува втор најголем производител на автомобили во Европа со пазарен удел од 17 отстово првото полугодие на 2017 година.
Како резултат на оваа трансакција и веќе со пет добро позиционирани автомобилски брендови, PSA Group ќе го зголеми присуството на главните европски пазари. Ова ќе послужи како основа за ефективен раст на глобално ниво.
Тимовите на Opel и Vauxhall ќе претстават овој план во рамките на следните 100 дена и ќе гарантираат неговото спроведување, што ќе бидат промовирани од очекуваната на среднорочен план годишна синергија во износ од 1,7 милијарди евра, генерирана од новата група.