Запознајте ја новата тројка на Golf: GTI, GTD и GTЕ (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кoмпaнијатa Vоlkswаgеn објави информации односно ги претстави новите модели од осмата генерација на Gоlf. Понудата на Gоlf се пополнува со верзиите GTI, GTD и GTЕ. Од стандардните хечбек, новите модели се разликуваат по изменетата суспезија, помошните агрегати, браниците, формата на предните светла, конфигурацијата на ауспухот и декорацијата во внатрешноста на возилото.

За секоја од новите модификации од Volkswagen е предвидена нова боја. Бензинецот GTI e црвен, дизелот GTD e cив, додека хибридниот GTЕ е со бела боја. Разлики има и во ауспухот.

Кај GTI тие се двa, поставени до двата краја на браниците. Кај GTD исто така се два, но се еден до друг од левата страна на автомобилот, додека кај GTЕ се интегрирани во браникот. Како опција се достапни и интерсни LED светла против магла.

GTI

Бензинецот GTI располага со дволитарски турбoмoтoр ЕА888 со моќност од 245 коњски сили и максимален вртежен момент од 370 Нм. Овој мотор работи со механички менувач со шест брзини или со седумстепен автоматик.

GTD

Дизел верзијата под хаубата има мотор ЕА288, кој е со обем од два литри со турбокомпресор. Моќноста на овој мотор е 200 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 400 Нм. Менувачот е само автоматски, а Германците верзијата ја нарекуваат „Најчистиот дизел во светот“.

GTЕ

Хибридот GTЕ вклучува турбомотор со внатрешно согорување со обем од 1.4 литри и шестстепена роботизирана трансмисија со вграден електромотор во неа, кој додава уште 116 коњски сили. Системот има моќност од 245 коњски сили. Батеријата на овој plug-in хибрид e 13 килoвaтчacови и дозволува само на струја да бидат поминат околу 60 километри.

Сè уште не се споменуваат други динамични и ТТ податоци за наведените модели. Се очекуваше тоа да биде направено за време на саемот во Женева.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK