Запознајте го тимот за мирис на Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Верувале или не, Audi има специјален тим на вработени кои се зaдолжени за мирисот на деловите и автомобилот во целост.

Ова не е ништо ново. Тимот именуван како „Nose Team“ германскиот производител го вовел уште во 1985 година. Тоа значи дека повеќе од 30 години за мирисот на своите автомобили Audi посветува значително внимание.

“На врвот на хиерархиската пирамида е задоволството на купувачот, а на дното мирисот како нејзин темел. Ако клиентот го иритира мирисот на автомобилот тој нема да може точно да ги доживее другите квалитети на автомобилот. Стресот предизвикан од смрдеата ќе преовладува” појасни Лусман Гајгер лидер на тимот.

Дека е потребен ваков тим говори и фактот што Ford мака мачи со мирисот на своите нови автомобили. Автомобилите на овој бренд се прогласени за “најсмрдливи” автомобили, а некои сопственици дури побарале од Ford оштета за тоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK