Започнува производството на најскапиот кинески автомобил – цената му е 1,4 милион долари

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузниот кинески бренд Hongqi кој е дел од FAW групацијата започнува со подготовките за старт на производството на најскапиот кинески автомобил и еден од најскапите во светот.

Станува збор за моделот S9 кој минатата година заедно со моделот E115 беа премиерно преставени на саемот за автомобили во Франкфурт.

Според информациите, продажната цена на овој автомобил ќе изнесува 1,45 милиони американски долари што е помалку од претходно најавените 2,2 милиони долари. Екслузивитетот и луксузноста на овој модел придонесува и за лимитирање на производството. Така на годишно ниво ќе бидат произведени не повеќе од 70 примероци.

Ставајќи ја настрана напредната технологија и луксузните дизајнерски елементи во внатрешноста, овој модел располага со V8 бензински мотор кој придонесува до максимални 1.400 КС, а до стотка забрзува за само 1,9 секунди. Производителот наведува дека максималната брзина која ја постигнува изнесува 400 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK