Започнува нова балканска војна – Србија, Бугарија и Романија во борба за Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Неодамнешното откажување на Volkswagen од фабриката во Турција повторно ја вжешти битката за привлекување на овој гигант кај останатите балкански земји.

Србија, Бугарија и Романија повторно започнаа со битката за мултибренд фабриката, а на пол-позиција според најавите е Бугарија.

Росен Плевнелиев, поранешен бугарски претседател, а сега дел од автомобилската асоцијација на Бугарија најави дека во моментов земјата подготвува максимално добра понуда за Volkswagen која е во согласност и со строгите критериуми за финансирање на Европската Комисија.

Според медиумите во нашиот источен сосед, понудата на земјата сега е уште подобра во споредба со претходната.

И министерот за трговија на Романија, Стефан Раду Опреа изјави дека во моментов се започнати нови преговори со Volkswagen со цел привлекување на овој гигант во оваа земја каде сега свои производствени погони имаат Ford и Dacia.

Засега Србија не излегува со конкретен предлог и информации дали и Владата на оваа земја започна со активности за привлекување на оваа голема инвестиција.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK