Започна тестирањето на новиот Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

Светските медиуми ги пренесоа првите фотографии од тестирањето на новата генерација на Yaris која доаѓа уште оваа година. Новата генерација која во моментов се тестира во Германија се темели на TNGA-B платформата која за прв пат ќе се користи кај овој модел.

Покрај Toyota Safety Sense 2.0 системите за безбедност и асистенција, новиот Yaris доаѓа и со целосно нова внатрешност.

Под хаубата се очекува да дојде со стандардниот 1.5 литарски бензински мотор со 106 КС. Тука се очекува да биде и 1.0 литарскиот и 1.3 литарскиот бензински мотор. При тоа во понудат ќе биде достапен и со мануелен и со автоматски менувач.

Премиерата на новата, четврта генерација е закажана за во октомври, на саемот за автомобили во Токио, а производството треба да започне во првиот квартл следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK