Kia започна со производство на моделот ProCeed

ОБЈАВЕНО НА:

На свечена церемонија која се одржа во фабриката на Kia Motors во словачкиот град Жилина и официјално е одбележан стартот на производството на новата генерација на Kia ProCeed.

Оваа изведба на Ceed која е надополнување на класичниот хечбек и караванската изведба кои претходно беа премиерно претставени на јавноста, премиерно беше претставен во јавноста на специјален настан кој се одржа на 13 септември годинава, додека пак светската саемска премиера ја имаше на саемот за автомобили во Париз на 2 октомври.

Продажбата на овој модел ќе се започне во јануари, а потрошувачите ќе имаат можност да избираат еден од трите основни мотори. Понудата започнува со 1.0 литарскиот T-GDI мотор со 118 КС кои се користи кај сите нови модели на јужнокорејскиот производител. Тука е и помоќниот 1.4 литарски мотор со 138 КС како и целосно новиот 1.6 литарски CRDi Smartstream дизелски мотор со 134 КС кој доаѓа во комбинација со мануелен и автоматски менувач.

Kia ProCeed

Просторноста е карактеристична за оваа моделска изведба, а доста работено е и на комфорноста за патниците автомобил. Должината изнесува 4.605 мм, висината изнесува 1.422 мм, а во споредба со актуелната караванска изведба, ProCeed е подолг за 5 мм, но и со поголем клиренс за исто толку мм.

Со овој модел Kia ја зголемува понудата на Ceed каде во моментов се наоѓа основниот хечбек модел како и караванската изведба, а пред околу еден месец се појавија и неофицијални фотографии од SUV изведбата на Ceed.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK