Toyota официјално потврди дека во фабрикaта во Мотомачи во Јапонија започна со производството на спортската GR верзија на моделот Yaris.
Оваа верзија јапонскиот производител ја претстави уште во јануари годинава, а во продажба требаше да се најде уште во мај, но поради коронавирусот истата е одложена за овој месец.
Под хаубата доаѓа со динамичниот 1,6 литарски трицилиндрен турбо бензински мотор со 257 КС и 360 Nm обртни моменти. Доаѓа во комбинација со 6 степен мануелен менувач, погон на сите четири тркала и со аеро кит.
На најголемиот европски пазар на автомобили, германскиот, оваа верзија ќе се продава по цена од 33.200 евра. Околу 33 илјади евра се очекува да биде и цената во Франција, Холандија, Италија, Шпанија и околните земји.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]