Американскиот производител Tesla официјално потврди дека започна производството на моделот Y.
Ова е првиот SUV модел на Tesla кој ќе се приклучи на актуелната понуда на електрични автомобили. Во зависност од спецификацијата на електричниот мотор, автономијата ќе се движи од 370 па се до 507 км. Најмоќниот модел Y до стотка ќе забрзува за само 3,5 секунди.
Ограничен дел од производството на овој модел се спроведува во Фримонт, САД, но најголем дел ќе биде сконцентирано во новата фабрика во Кина. Според првичниот план, овој модел ќе се произведува и во Европа, во фабриката близу германскиот град Берлин, но по изградба на истата.
Првите испораки на овој модел се очекуваат во текот на март годинава, а цената во зависност од перформансите ќе се движи од 39 илјади до 61 илјада американски долари.