Додека сите се воодушевуваат на дизајнот на саемот во Женева, во фабриката во германскиот град Динголфинг BMW го стартуваше производството на подновената серија 7.
Новата серија 7 доаѓа во понудата со три дизелски мотори од по 265КС, 320КС и 400КС како и два бензински мотори со 530КС и 585КС. Тука е и plug-in хибирдната верзија со додатна назнака 745е која заедно со 3.0 литарскиот бензински мотор располага со вкупно 394КС.
Во салоните во Германија овој модел доаѓа на почетокот на следниот месец, а почетната цена за 730d со 265КС изнесува 88,690 евра.
Овој голем луксузен седан BMW за прв пат го лансираше во далечната 1977 година и оттогаш во континуитет е дел од понудата на BMW. Подновената седмица доаѓа по шестата генерација која премиерно беше претставена во јуни 2015 година во седиштето на компанијата во Минхен, а заклучно оваа генерација BMW има продадено речиси 1,9 милиони примероци.