Skoda во фабриката во чешкиот град Квасин и официјално го започна производството на подновената Skoda Superb која премиерно беше претставена кон крајот на мај годинава.
При тоа овој модел во понудата ќе биде достапен во Liftback, Combi и Scout изведба, а тука е и plug-in хибридната верзија која е и најголем новитет во понудата.
Споредбено со актуелниот модел, најголемата измена е во поглед на формата на предните и задните светла кои сега доаѓаат со напредна Matrix LED технологија. Тука е и благо модифицираната предна маска како и предниот и заден браник кој добиваат изменет дизајн. Редизајнираната изведба доаѓа и со нови 18 и 19 инчни алуминиумски фелни, а достапна ќе биде и во нови метални бои.
Цената сеуште не е позната, а во продажба ќе се појави кон средината на следниот месец во централно европските земји.