Започна производството на новата генерација на Renault Clio

ОБЈАВЕНО НА:

Во Revoz, словенечката фабрика на Renault во близина на Ново Место и официјално започна сериското производство на новата генерација на моделот Clio, соопштуваат од компанијата.

На свечената церемонија покрај претставници на француската компанија учествуваа и премиерот на Словенија, Марјан Шарец како и министерот за економија Здравко Пичивалшек. При тоа, тие ја подтврдија поддршката што Словенија безрезервно ја дава на оваа фабрика, но истовремено и ја поздравија одлуката на Renault за продолжување на производството на овој модел во оваа фабрика.

Што се однесува до самиот модел, истиот се темели на CMF-B механичка платформа која е развиена во соработка помеѓу Renault и Nissan, а ја користи и новата Nissan Micra. Во понудата покрај актуелниот 0.9 литарски мотор доаѓа и новиот 1.0 литарски и 1.3 литарски турбо бензински агрегати, а тука е и одличниот 1.5 литарски дизелски мотор.

Цената сеуште официјално не е потврдено, а во продажно-изложбените салони во Европа овој модел треба да се појави од крајот на месецов.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK