вторник, 25 декември, 2025 година

Започна производството на Kia XCeed

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во својата словачка фабрика Kia Motors и официјално го започна производството на SUV изведбата на Ceed, моделот XCeed.

Должината изнесува 4.935 мм, ширината 1.826 мм што е за 26 мм поширок додека пак висината изнесува 1.490 мм или за 43 мм повисок од стандардната верзија. Тоа значи дека е за е за 85 мм подолг од стандардната хечбек верзија.

- Advertisement -

XCeed во понудата ќе дојде со истите мотори како и основната изведба на Ceed, а потврдено е и доаѓањето на електифицирана изведба која ќе се појави кон крајот на годинава, но не подоцна од првиот квартал следната.

Kia XCeed

Инспирацијата на екстериерот е секако преземена од основната Ceed изведба. Единствената стилска разлика се предните светла кои добиваат малку изменета форма. Внатрешноста во целост е преземена од Ceed. Она што е новитет е тоа што овој модел ќе располага со 12.3 инчна диигтална инструментална табла која доаѓа со повисокото ниво на опрема.

Kia XCeed

Овој модел ќе се продава исклучиво во Европа, а ќе дојде со стандардната седум годишна гаранција. Во продажба првите примероци ќе се појават кон крајот на овој месец, а до крајот на септември ќе биде дистрибуиран и во останатите европски земји.

Иако производство стартуваше, продажната цена е сеуште непозната и се шпекулира дека почетната цена ќе започнува од 15 илјади евра.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја