Започна производството на BMW Серија 8

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само некој ден германскиот производител го означи стартот на производството на новата генерација на Z4 истото го направи и со новата серија 8.

Во соопштение, BMW објави дека во фабриката во германскиот град Динголфинг, започна производството на претходно претставената серија 8 која саемската премиера ја имаше на изминатиот саем за автомобили во Лос Анџелес. Производството доаѓа нешто повеќе од една година откако како концепт овој автомобил беше претставен на Concorso d’Eleganza Villa d’Este настанот во Италија.

Во понудата меѓудругото, овој автомобил е понуден со 3.0 литарски шест цилиндиречн турбо дизел мотор кој развива 320 КС, а тука е и 4.4 литарскиот twin-turbo V8 бензински мотор со 530 КС кој е најмоќе во понудата. Со овој мотор до 100, осмицата на BMW забрзува за само 3,9 секунди, а максималното ограничување на брзината изнесува 250 км/ч.

Автомобилот веќе може да се резервира во Германија, а овој модел е трет по новата серија 3 и Z4 што германскиот производител го лансира оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK