Започна производството на BMW M8 Gran Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката Динголфинг во Германија, BMW и официјално го стартуваше сериското производство на моделот M8 Gran Coupe.

Ова го објави германскиот производител преку соопштение каде најави дека во оваа фабрика на дневно ниво ќе се произведуваат 60 примероци од моделот M8 од кои околу 40% ќе ја имаат додавката Gran Coupe.

Овој модел во целост се темели на основната изведба т.е. на CLAR платформата, а со цел да дојде до што е можно подобри перформанси во изработката користен е алуминиум, магнезиум и пластика со јаглеродни влакна. Оттука и вкупната тежина која изнесува 1.885 килограми.

BMW M8 Gran Coupe

Како дел од гамата која ја сочинуваат M8 Coupe, M8 Coupe Competition, M8 Cabrio и M8 Cabrio Competition, овој модел во понудата доаѓа со идентични мотори. Така, централно место зазема 4.4 литарскиот twin-turbo V8 мотор со 600 КС и 750 Nm обртни моменти, а во комбинација е со осум степен автоматски менувач. Со овој мотор до 100 км/ч забрзува за 3.2 секунди.

Почетната цена на овој модел во Германија изнесува 168.000 евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK