Уште во 2018 година во рамките на саемот за автомобили во Пекинг, BMW го претстави електричниот концепт iX3. Нешто повеќе од година подоцна беше претставен и продукцискиот модел, а сега започна и официјално производството на овој модел.
Оваа вест ја соопшти германскиот прозиводител кој објави и 7 минутно видео во кое е прикажан производствениот процес.
Производството иницијално стартуваше на 29 септември во заедничката фабрика на BMW и Brilliance Automotive (BBA) во градот Дадонг лоциран во кинеската провинција Шенјанг.
https://youtu.be/1MqaOKIx9p8
За потсетување, овој модел располaга со 210 kW односно 286 КС и 400 Nm. Со едно полнење на литиум-јонската батерија од 80kWh може да помине до 460 км. 80% од вкупниот капацитет на батеријата може да биде наполнет за само 30 минути.
Во Европа доаѓа кон крајот на годината, а цената во Германија ќе изнесува 68 илјади евра.