Започна производството на Bentley Flying Spur V8

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во јуни премиерно беше претставена третата генерација на моделот Flying Spur, во фабриката во англискиот град Кру започна производството на Flying Spur V8.

Веста ја обелодени британскиот производители кој уште еднаш ги потврди претходно познатите технички карактеристики на овој модел.

Под хаубата овој суперлуксузен автомобил доаѓа со 4,0 литарски V8 мотор кој продуцира максимални 404kW односно 550KS и 770 Nm обртни моменти. До 100 км/ч забрува за 4 секунди ддека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 318 км/ч.

Должината на овој модел изнесува 5.304 мм додека пак меѓуоскиното растојание 3.185 мм. Во стандардното ниво на опременост доаѓа со 20 инчни тркала.

Првите испораки на купувачите ќе се случат до крајот на оваа година во Велика Британија, а во останатите земји во првата половина на следната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK