При големиот студ доаѓа и до замрзнување на прозорците во автомобилот. Сепак, понекогаш стаклата замрзнуваат одвнатре, а тоа не треба да ве чуди или да ве загрижува. Не е дојдено до голем проблем кој не можете да го решите со малку труд.
Најчесто до тоа доаѓа поради преголемата влага во внатрешноста на автомобилот. Доколку теписите (платнените делови за чевлите) ви се мокри односно ако остатокот на снегот од чевлите го внесувате во автомобилот. Тој ќе се истопи, ќе ги намокри теписите и тука одново има извор на влагата.
Доколку теписите ви се мокри, тогаш изнесете ги од автомобилот и исушете ги. Тргнете ја и сета мокра облека од внатрешниот дел на автомобилот и сето друго што може да создаде влага.
Кај некои постари возила со лоша изолација прозорците често ќе замрзнат одвнатре, па ниту наведените мерки нема да ви помогнат. Затоа прашањето е што да направите тогаш? Отворете ја вратата на возилото и вклучете ја вентилацијата, па насочете ја кон шофершајбната. На крајот, стаклото пребришете го со сува крпа. Не користете одврзнувачи во спреј во внатрешноста на возилото бидејќи тоа не е многу здраво.