Се погласни се гласините дека Nissan во наредниот период би можел да го згасне брендот Datsun кој е во негова сопственост.
Ројтерс пренесува дека јапонскиот производител Nissan не е задоволен од продажните и финансиските резултати кои последните години ги остварува овој бренд па поради тоа се поизвесно е згаснувањето.
Како алтернатива, можно е во наредните неколку години Datsun да се продава само во Јапонија, нешто што FCA го направи со Lancia откако го повлече овој бренд од европскиот пазар и речиси 10 години се продава само во Италија.
За потсетување, Datsun е основан во 30-те години на минатиот век. По ребрендирањето во 1981 година го добива ова име, а Nissan со овој бренд покрај во Јапонија е присутен во Русија, Индонезија, Јужна Африка и околните земји.