Закажан е состанок: Што има да им каже Трамп на BMW, Daimler и VW?

ОБЈАВЕНО НА:

Американските медиуми пренесуваат дека администрацијата на Трамп испратила покани до три генерални менаџери на три германски авто производители за состанокт со претседателот на САД.

Како што се појаснува, поканите се испратени до првите луѓе на BMW, Daimler и Volkswagen Group, а во истите се повикуваат на заедничка средба која би се одржала по 22 ноември годинава.

Немањето на точна информација за тоа што би се говорело на состанокот подгрева најразлични шпекулации. Најгласни се оние според кои Трамп на оваа средба ќе се обиде да ги придобие овие производители односно да издејсвува нивно зголемување на бизнис активностите во САД.

Веќе претходно, Трамп испрати порака до европските автомобилски производители во која побара да доколку сакаат да продаваат во САД ќе мора и да произведуваат во САД. При тоа ја запраша јавноста дали пред куќите во Германија има паркирано американски автомобили исто толку колку и германски пред американските куќи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK