Загуби и психолози го натераа Ford да се откаже од автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на автомобилскиот бренд Fоrd официјално објави дека компанијата ќе запре со развојот на автономни системи, а сите средства кои беа предвидени за овие проекти ќе бидат користени за да се надмине кризата.

Сепак, Fоrd нe се откажува од превозните средства без возач. Брендот ќе се насочи кон развојот на оваа индустрија во 2022 година кога ударите од кризата ќе бидат надминати и компанијата ќе има нови парични резерви.

Одлучено е да бидат замрзнати различни проекти за развој на автономни автомобили поради последниот финансиски отчет. Според податоците, Fоrd има загубено околу 2 милијарди долари од почетокот на годината и тоа според раководството на компанијата е далеку од дозволиво.

Психолозите на брендот кои учествуваа во развојот на иновациската интелигенција го оценија позитивно замрзнувањето на проектите. Според експертите сега е невозможно да се продолжи со развој на АI пoрaди недостатокот на мир во возачката средина.

Факт е и дека психологијата на возачите, а согледувајќи ги нивните дејствија, манири, навики, се користи за развој на најинтелигентниот систем за интелигенција, која би можела независно да го управува автомобилот дури и без возач зад воланот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK