Иако има континуиран пад на побарувачката за нови дизел автомобили кои важат како „наводнo“ големи загадувачи, и бавното прифаќање на електричните возила, во Европа веќе трета година по ред се забележува зголемување на просечната вредност на СО2 кај новите продадени автомобили. Интересно е дека само кај четири бренд има намалување во однос на 2018, а сите други бројки се „во црвено“.
Податоците на ЈАТО Dynamics покажуваат средна годишна вредност од 121,8 грама СО2 на километар, што претставува зголемување во однос на оние 120,5 во 2018 година и 118,1 во 2017 година.
Toyota, Citroen, Opel и BMW се единствените брендови што успеале да остварат намалување на средните вредности на CO2 во 2019 година во однос на 2018. Најголемото намалување го има Toyota (-2,3), потоа следува Citroen (-1,7), BMW (-1,3) и Opel (1,1)
Најчиста гама има Toyota и тие годината ја завршија со просек од 97,5 грама CO2 на километар, што е подобрување во однос на нивниот резултат за 2018 година. Од JATO Dynamics коментираат дека главна причина за тоа се електрифицираните модели во портфолиото на брендот, кои формираат 60% од вкупната продажба.
На второ место со подобрувањето на емисијата на СО2 (-1,7 грама на 106,4 грама), е Citroen. ЈАТО потенцира дека, за разлика од силното електрифицирано присуство во портфолиото на Toyota, францускиот бренд го постигнува овој резултат со подобрување на својот опсег на гамата на бензински мотори.
Peugeot ја завзема третата позиција со показател од 108,2 грама CO2 на километар, што е за минимални 0,3 грама повеќе отколку во 2018 година.
Според ЈАТО просечната емисија на СО2 на доминантниот европски SUV пазар е 131,5 грама на километар, додека вредностите кај на другите се: урбани (107,7) субкомпактните (109,2), компактните (115,3), средните (117,9) и репрезентативните – 131 грама на километар.