Задолжително во сервис – Peugeot 208 има проблем со амортизерите

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот автомобил на годината за 2020 ќе упати повик до сопствениците на одредена серија на возила произведени лани поради проблеми со амортизерите.

Во повикот што е првично издаден од германските власти, е за возилата произведени во Словачка. Во објаснувањето се вели:
„Прицврстувачите на задните амортизери не се правилно затегнати. Како резултат на тоа, амортизерите може да паднат додека возилото се движи, зголемувајќи го ризикот од несреќа при влез во сообраќајот“.

Тоа е доволно сериозна причина да се замина во сервис и да се смени делот што е потребен.

Моделите на Peugeot 208 погодени од овој повик се произведени меѓу 21 мај 2019 до 30 ноември 2019 година.

Peugeot recall code: JYD

Source: Rapex Alert 28/2020 A12/01021/20

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK