Во периодот од 15 ноември до 15 март секој учесник во сообраќајот мора да поседува зимска опрема во возилото. Во спротивно може да бидете казнети од полицијата доколку биде запрен и проверене. Оваа правило е на сила само уште денеска. од утре можете слободно да возите.
Во багажникот веќе не мора да имате ланци, а нема потреба ниту од зимски гуми. Можете да се вратите на летните гуми. Се разбира истите треба да бидат соодветни за условите на патот. Доколку температурата на воздухот е над 7 сетепени тогаш се препорачува летна гума, а доколку температурата е под 7 степени тогаш подобри перформаси се обезбедуваат со зимски гуми.
Откако ќе ги смените зимските гуми, оние што сте ги смениле треба соодветно да ги складирате и чувате до следното користење.
Немојте да заборавите – гумите главата ја чуваат…