Жителот на селото Архипо-Осиповка во Геленџик, Иван Кубаков е признаен за најстариот возач во Русија. Пред извесно време наполни 100 години, но тоа не е никаков проблем за и понатаму да го вози својот автомобил.
„Стогодишниот возач доби сертификат од Руската книга на рекорди. Во него се вели дека Иван Кубаков го подобрил рекордот за највозрасен возач на превозно средство од Б-категорија во Русија. Тоа постигнување е одбележано со запишување на бројот 3245 во книгата на рекордите“, соопштуваат од пресслужбата на администрацијата во Геленџик.
Кубаков го постави рекордот на 25 ноември минатата година кога беше на 99 години, 10 месеци и 17 дена. Судејќи според видеото, највозрасниот возач во Русија го вози теренецот Mitsubishi Pаjеrо.
За потсетување минатата година во САД за највозрасен возач беше признат 104-годишниот воен ветеран, Клинт Џонсон, кој си купи нов Сhеvrоlеt Sоniс.