Забранет влез во центарот на градот за возила произведени пред 2000 година

ОБЈАВЕНО НА:

Градоначалникот сака сите автомобили регистрирани надвор од градот да купуваат дневни вињети по цена од 2,1 евра или годишна од 402 евра.

Се повеќе градови се обидуваат да се справат со загадувањето, а една од мерките е ограничување на движењето на старите возила, особено во центарот на градовите. Вообичаено читаме за вакви одлуки во градовите од Западна Европа, најчесто во Германија. Но, и на Балканот има такви градови.

Романскиот главен град Букурешт најавува забрана за влез на стари автомобили произведени пред 2000 година во центарот на градот. Почнувајќи од следната година, посетителите од внатрешноста на државата исто така ќе треба да плаќаат дневна такса за да се движат низ романскиот главен град.

Забраната за влез во центарот на Букурешт ќе се однесува на сите автомобили без еколошки сертификат Euro1 / Euro2 (произведена пред 1999 година). Сопствениците на автомобили со Еуро 3 ќе можат да се движат низ центарот само со вињета, која ќе чини 15 евра месечно.

Мерките ги објави градоначалникот на градот Габриела Фирџа и по 45 дена за нив ќе се гласа во општинскиот совет. Градоначалникот, исто така, сака сите автомобили регистрирани надвор од Букурешт да купуваат дневни вињети по цена од 2,1 евра или годишна цена од 402 евра.

Ваквите ограничувања се наметнати заради зголемено загадување во Букурешт, каде веќе се движат над 1,6 милиони возила, од кои 120.000 се со Еуро 2 и а со Еуро 3 има сертифицирани 213.000 возила.

Истражувањата покажуваат дека 56% од граѓаните во романската престолнина ги одобруваат мерките, додека 25% ги сметаат за популистички и несоодветни.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK