Забранет увозот на автомобили постари од 10 години и со Еуро 4 стандард

ОБЈАВЕНО НА:

Како да се намали загадувањето, да се подбри патничкиот фонд.Властите во Босна и Херцеговина, слично како и во Србија го забранија увозот на половни автомобили постари од 10 години кои имаат Еуро 4 или помал стандард.

Целта на ова ограничување е намалување на бројот на автомобили кои испуштаат штетни емисии на гасови во околината и подновување на возниот парк.

Само за илустрација, минатата календарска година биле увезени 82.905 автомобили од кои 72.380 биле половни, а најголем дел од нив биле со Еуро 4 стандардот. Според една друга неофицијална статистика, околу 80% од регистрираните автомобили во оваа земја се постари од десет години што ја прави Босна и Херцеговина земјата со најстар возен парк во Европа.

Отсега во оваа земја ќе може да се увезуваат автомобили со минимален Еуро 5 стандард.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK