недела, 25 октомври, 2025 година

За „возрасните“ возачи издаваат специјални возачки дозволи што носат попусти

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Владата на Јапонија планира да воведе специјални возачки дозволи за возачите кои имаат над 75 години. Новите дозволи ќе важат само за автомобили снабдени со модерните електронски асистенти, како што се автоматско запирање во случај на пречка.

Властите во Јапонија сметаат дека на тој начин ќе биде ограничен бројот на сè почестите несреќи кај постарите возачи, кои ги мешаат педалите или реагираат премногу бавно на случувањата во сообраќајот. Првично се предвидува специјалните дозволи да бидат издавани бесплатно заедно со старите возачки дозволи.

- Advertisement -

Владата планира да се консултира со производителите на автомобили за да ја забрза опремата во најширок можен број на модели со автоматско запирање во екстремни ситуации. Засега овие системи се премногу скапи и не се монтираат кај поевитините автомобили.

Возрасните возачи во Јапонија плаќаат и поголеми придонеси за осигурување. Ако тие се воведат, новите возачки дозволи ќе им дозволат попуст од 10 проценти, што треба да стане главниот стимул за смена на документите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја