За следната година: Само надворешно разубавување на BMW серија 1

ОБЈАВЕНО НА:

Промени во внатрешноста и потемни каросериски детали се суштинските промени на новата BMW series 1 што в година ќе ја замени сегашната генерација. Нема да има промени кај бензинските и дизелски агрегати. Првпат силата кај серија 1 ќе се пренесува на предната осовина.

Меѓу подобрувањата има неколку нови бои на каросеријата, неколку ново дизајниран изглед на бандажите, нови бои и детали во внатрешноста, но и три нови едиции, Edition Sport Line Shadow, Edition M Sport Shadow и M140i Edition Shadow.

Под ознаката Shadow се криe темна маска на ладилникот и затемнети делови на предните и задни ЛЕД светла, а оние што ќе купат пакет M Sport Sahdow можат да сметаат и на 18 инчни сиви бандажи и две нови бои на каросеријата (Seaside сина и Sunset портокалова).

Со новата графика на инструмент таблата стигнува и редизајнирани отвори за вентилацијата, хромирани копчиња за управување со прозорците и редизајнирана централна конзола. Покрај новите материјали во внатрешноста, тука е и новата генерација на iDrive системот, а со навигацијата и некои други системи се управува преку 8,8 инчен дисплеј.

Почетокот на понудата на бензински агрегати останува трицилиндричната опција со трубо полнач која ја има под ознаката 116i и располага со 109 КС. Најсилниот бензински мотор М140i го покренува 6 цилиндричен реден турбо мотор кој развива 340 КС. Основната дизелска понуда на мотори 116d од трицилиндри нуди 116 КС, а најсилната опција (125d) развива 224 КС. Моделот 118d, 120d и M140i може да се добијат и со погон на двете оски (xDrive), а во зависност од избранио тмодел од серија 1, може да се добие и 6-степен рачен или автоматски менувач со 8 брзини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK