Bentley наскоро ќе им понуди на своите купувачи можност да изберат возило во кое има кожа од печурки. Ова поради фактот што меѓу клиентите има и вегани кои се згрозуваат од седење на одрана кожа од еден од 12-те вида на животни чија кожа се користи за внатрешниот ентериер. Со новата понуда се надеваат дека ќе може да привлечат и нови купувачи.
Во моментов Bentley е познат по тоа што на своите клиенти им нуди избор на кожа од 20 различни животни. Тоа задоволува едни клиенти, но во компанијата заклучиле дека треба да ја прошират понудата. Сега цел се веганите. Според Bentley овие луѓе чинат значаен дел од потенцијалниот пазар, па затоа решиле да понудат и алтернативни материјали за изработка на внатрешноста.
Се смета дека се зголемува бројот на вегани, па затоа и директорот на дизајн во Bentley, Стефан Силаф смета дека на овој начин ќе се придобијат нови купувачи. При изработката на новите материјали ќе се користат печурки.