За сите љубители на безвременската компјутерска игра Need for Speed, Electronic Arts (EA) го објави тизерот за најновата серија Need for Speed Hot Pursuit Remastered.
Тизер видеото за кратко собра еден милион прегледи, а од компанијата објавуваат дека во продажба ќе се појави на 6 ноември, најпрво достапна за PC, Play Station 4 и Xbox One, а на 13 ноември и за Nintendo Switch. Цената на истата започнува од 29,99 американски долари.
Во оваа серија има над 70 возила меѓу кои модели од брендови како Aston Martin, Bentley, Bugatti, Dodge, Ford, Lamborghini, Koenigsegg, McLaren и Porsche.
https://youtu.be/AeRnez3di1I
Инаку првата компјутерска игра The Need for Speed се појави во 1994 година кога беше достапна на DOS и Windows платформа. Оттогаш се објавени вкупно 24 продолжувања на оваа игра.