За шест месеци продадени речиси 50 милиони возила во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Последните информации од агенцијата LMC Automotive велат дека  во првата половина од годината во светски рамки биле купени 48.293.980 нови лесни возила, што претставува зголемување од 3,5 проценти во споредба со првите шест месеци од минатата година.

Основен „двигател“ во автомобилскиот бизнис и понатаму останува Кина, каде од почетокот до крајот на јуни биле реализирани 13.794.163 продажби на нови лесни возила, што е пораст од 4,9 проценти во однос на истиот период во 2017 година. Само во јуни во оваа земја биле купени 2.224.697 автомобили (+4.2%).

Во првиоте шест месеца во Западна Европа била реализирана продажба од 8.937.298 возила (+2.1%), а во Источна Европа во истиот период е забележано подобрување од 9.5% до ниво од 2.135.665 единици.

Податоците на LMC Automotive посочуваат дека барањето на нови лесни возила во САД се зголемила за 2,1 процент до 8.605.188 возила, додека во Канада има налување од 0.5% до 1.034.953 возила.

Пад во бизнисот е регистриран и во Јапонија од 1,8 процент (2.697.834). Во Бразил и во Аргентина сериозно се набљудува зголемувањето на продажби на нови лесни возила, а резултатот за првите шест месеци е 1.603.129 проддени автомобили што е 12,6% над минатогодишното ниво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK