Се жалите дека трошите многу пари на сервисирање на вашиот автомобил? Како утеха доаѓа веста од САД според која американец, сопственик на Lamborghini Diablo потрошил неверојатни 40 илјади американски долари за сервисирање.
И немаше да има ништо невообичаено доколку тие пари не беа потрошени за само три години. Тоа е сума која е за седум пати помала од вообичаената цена по која може да се купи овој автомобил.
Истиот овој автомобил е огласен и од страна на познатата компанија за продажба на луксузни и ретки автомобили, Marshall Goldman, па во огласот се наведува дека идниот сопственик нема потреба од никаква дополнителна инвестиција во наредните три години.
Со тие 40 илјади долари, меѓудругото, променет е издувниот систем, бензинската пумпа, компресорот за клима и многу други работи. Инаку автомобилот располага со 6,0 литарски бензински мотор кој продуцира 575 КС.