За само 9 месеци Градски Паркинг со приход над 2 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во исчекување на годишниот извештај за финансиското работење на ЈП Градски Паркинг кој треба да биде објавен овој месец, објавен е извештајот за првите девет месеци од 2020 година.

“Во третиот квартал од годината, ЈП Градски Паркинг-Скопје оствари негативен финансиски резултат – загуба на износ 21.974.690 денари. Приходите заклучно 30.09.2020 година изнесуваат 124.158.658 денари. Расходите се на износ 146.133.348 денари” стои во извештајот објавен од ова јавно претпријатие.

Најголем дел од приходите за првите девет месеци од минатата година доаѓаат од секторот јавни паркиралишта и тоа во висина од 103.556.762 денари. Следи секторот пајак со остварени приходи од 11.048.559 денари, а ставката останати приходи изнесува 9.514.409 денари. Помали приходи или точно 38.928 денари се остварен на име финансиски приходи.

Зонското паркирање го креира најголемиот дел од приходите од останатите јавни паркиралишта, дури 57.840.976 денари. Затворените паркинзи учествуваат со 33.675.488 денари додека катната гаража кај Беко 7.470.744 денари.

Иако трошоците ги надминуваат приходите, сепак мало намалување има кај останатите трошоци на работењето кои сега изнесуваат 5.356.678 денари. Најголем дел од овие трошоци или 1.863.481 денари се направени по основ на ДДВ, а потоа следат надоместоците на управен и надзорен одобр за што е направен расход во висина од 1.460.014 денари. Во ЈП Градски Паркинг се трошело и за репрезентација и огласување, претплата на стручни списанија и слично. За ова направени се расходи во висина од 363.724 денари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK