четврток, 26 март, 2026 година

За роденден Geely дава попуст до 5.000 евра на модели во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Geely одбележува две години присуство на македонскиот пазар со специјална роденденска понуда – попуст до 5.000 евра за ограничен број возила, важи до истек на залихите.

Автомобилскиот бренд Geely одбележува две успешни години присуство во Македонија – две години раст, доверба и илјадници извозени километри на домашните патишта. Брендот во овој период се позиционираше како модерен и технолошки напреден избор, препознатлив по дизајн, безбедносни системи и практични решенија за секојдневно возење.

- Advertisement -

По повод јубилејот, Geely подготви специјална роденденска понуда со попуст до 5.000 евра. Промоцијата важи за ограничен број возила и е достапна до завршување на залихите.

Во понудата се вклучени сите модели на Geely, кои се истакнуваат со современа технологија, напредни системи за безбедност, моќни и ефикасни перформанси и премиум изглед. Од компанијата посочуваат дека во изминатите две години се формираше заедница на задоволни сопственици кои ја препознаа вредноста на современата мобилност и иновативниот пристап на брендот.

Роденденската кампања е можност за сите заинтересирани купувачи да станат дел од семејството на Geely по поволни услови. Салонот на Geely се наоѓа на Градски стадион – Северна трибина, каде што посетителите можат да ги разгледаат моделите одблиску и да закажат тест-возење.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја