Автомобилите од проектот „Кортеж“ предизвикаа огромен интерес кај голем број на клеиенти, но тие ќе треба да почекаат до 2019 година за да можат да дојдат до возилото во кое се вози првиот човек на Русија, Владимир Путин.
„Сите коишто сакаат да дојдат до возилото ќе мора да почекаат. Целиот тираж е веќе распределен и тој е за потребите за Федералната служба за заштита“, вели рускиот министер за трговија, Денис Mантуров.
Годишно нема да бидат произведувани повеќе од 300 возила, а истите нема да отстапуваат по екслузивноста од Rolls-Royce и Bentley.
„Сосема сме на јасно со потенцијалните купувачи. Направивме добро маркетинг проучување на аудиториумот. Нема дилер во лускузниот сегмент кој не сака таков автомобил во својата линија“, вели Мантуров.
Официјалната промоција и дебито на „Кортеж“ треба да се случи во пролетта во 2018 година на церемонијата за стапување на должност на новиот руски претседател. Автомобилите ќе бидат снабдени со турбомотори со четири, осум или 12 цилиндри и со моќност од 250, 650 и 850 коњски сили.