За Porsche Taycan има 30.000 резервации иако чини 152.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот електричен автомобил на Porsche веќе доби 30 илјади нарачки. Како што соопштуваат од производителот, на “Стариот континент”, Taycan ги надмина очекувањата остварувајќи резервации од 30 илјади примероци чиј купувачи веќе уплатија 2.500 евра.

Со ова Porsche е на слатки маки бидејќи годишното производство беше планирано на 20 илјади примероци, па така сега ќе мора да го проширува производствениот капацитет.

Производството на овој модел стартува следата година, во фабриката во германскиот град Цуфенхаузен. Продажната цена почнува од 152.136 евра за основната верзија додека на Turbo S од 185.456 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK